Во врска со наводите изнесени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за заедничката продажба на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН во Њујорк, информираме дека претседателот Пендаровски е редовно информиран од надлежното министерство за досегашниот тек на процесот, стои во писмената реакција од Кабинетот на Пендаровски.
Oд вкупниот износ на средства, 4 милиони американски долари, дел кој ѝ припадна на Република Македонија, 3.4 милиони се префрлени, а останатиот дел од 0.6 милиони се очекува да биде префрлен наскоро.
Согласно договорот, кога ќе биде заокружена целата купопродажна трансакција, сите средства ќе бидат префрлени во нашиот државен буџет. Претседателот Пендаровски очекува дека средствата од заедничката продажба на имотот кои ѝ припаднаа на Македонија да бидат искористени согласно заклучоците на Владата за купување на простории за Постојаната мисија при ООН во Њујорк и за објект за амбасада во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.