Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, кој престојува во нашата држава по повод учеството на Преспа форум за дијалог 2023.
На средбата се разговараше за развојот на севкупните билатерални односи меѓу двете држави во изминатите 30 години и можностите за унапредување на соработката за темите од заеднички интерес. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста што нашата држава ја придава на досегашната британска поддршка во повеќе области и форми и изрази очекување таа да продолжи во иднина.
Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните состојби во поширокиот регион, особено во контекст на руската агресија врз Украина, како и за одговорот на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.