Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски очекува да влезе во вториот круг и да победи на изборите.
Пендаровски изјави дека иако зад себе има петгодишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што се залагал како претседател, за што бил против и знаат што можат да очекуваат и во следните пет години, сепак сака со граѓаните да ги сподели своите ставови за прашањата со специфична политичка динамика.
„Јас мислам дека контекстот изминативе 5 години малку се има изменето, и регионалниот и внатрешниот, се разбира и меѓународниот со војната во Украина и дека би требало да ги кажам и нивелирани моите ставови за некои прашања што имаат посебна специфична политичка динамика. Очекувам дека во првиот круг, бидејќи има многу кандидати како никогаш до сега во македонската историја, гласовите ќе се поделат на повеќе страни и не очекувам дека некој има каква било шанса да добие во првиот круг. Меѓутоа, во вториот круг очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот“, додаде Пендаровски.
Со отворање на централниот изборен штаб во центарот на Скопје од денеска почнува изборната кампања на кандидатот за претседател – Стево Пендаровски. До првиот круг на гласање предвидено е Пендаровски да посети повеќе од 60 населени места во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.