Во рамки на изборниот караван претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска оствари средби со граѓаните на Дојран и на Богданци.
Осврнувајќи се на досегашата работа на оваа владејачката гарнитура, Пендаровски посочи на нашето членство во НАТО, каде сме заедно со најсилните, најразвиени светски држави. ,,Без безбедност, нема економски раст” потенцираше Пендаровски.
Да немавме внатрешна блокада за неколку години од сега државата ќе беше и полноправна членка на ЕУ, додаде Пендаровски истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржа анти-европското однесување на Бугарија и нивната блокада.
До сега не сум слушнал ниту една изјава од нивна страна дека почитуваат некој од договорите што сме ги постигнале. Наместо тоа, најавуваат дека одново ќе преговараат и дека ќе постигнат подобри договори. А кој може да гарантира дека ќе постигнат подобри договори? Никој! Само ќе ја уназадат земјата 10-15 години и ќе ја вратат во мрачното минато, подвлече Пендаровски.
Во интеракција со граѓаните, Пендаровски беше запрашан за коментар околу обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори, на што Пендаровски одговори дека со тоа Мицкоски јавно го кажува својот страв.
Немам причина да го бојкотирам вториот круг, зошто ќе ги добијам изборите, подвлече Пендаровски.
Граѓаните побараа коментар и за обвинувањата на опозицијата дека не работел транспаретно и ги затворил народните канцеларии. На ова Пендаровски возврати дека неговиот кабинет во секое време е отворен за посета и дека до ден денес во центарот на Скопје, како младинска канцеларија, функционира канцеларијата на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.