Македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека не размислува да кандидира за следен претседателски мандат. Тој негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат, без да даде повеќе образложение.
Шефот на државата присуствуваше на отворениот форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.
Тој вели дека во одредени сегменти имало определен напредок и смета дека ќе биде погубно ако во следниот извештај за напредокот на нашата земја нема посочено ниту една институција која работела добро и постигнала напредок во борбата против корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.