Претседателот Стево Пендаровски го прими државниот правобранител на Република Македонија, Фехми Стафа, со кого разговарале за тековните активности на Државното правобранителство во функција на правна заштита на имотните права и интереси на државата.

Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, Пендаровски на средбата ја нагласил важноста на улогата на Државното правобранителство во севкупниот правосуден систем, во контекст на владеењето на правото како предуслов за напредок на државата.

Реформите во сферата на владеењето на правото се меѓу приоритетите на нашата држава, што не треба да се поврзува само со процесот на пристапување кон Европската Унија, туку и со потребата од функционална правна држава и систем на правда кој ќе ги штити нашите слободи и права и заедничкиот систем на вредности – порачал Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.