Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џилиан Стирк, шеф на Мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

На средбата, претседателот Пендаровски, како што информира неговиот Кабинет, беше запознаен со планираните активности на Мисијата составена од 12 меѓународни експерти, 20 долгорочни, како и 300 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат во државата еден ден пред гласањето.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека државата ќе организира фер и демократски изборен процес, со високи стандарди, во согласност со очекувањата од земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.