Претседателот Стево Пендаровски ја прими Аналена Баербок, министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, партнерството во НАТО, ОН и ОБСЕ, македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и за состојбите во поширокиот регион и за уставните промени.
Пендаровски оценил дека Германија е еден од најблиски сојузници и најсилни поддржувачи на Македонија на интегративниот пат кон ЕУ, а германските власти веќе три децении, во континуитет, ја демонстрираат посветеноста кон нашата држава и регионот.
Во тој контекст претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошна силна поддршка за процесот на пристапување кон Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.