Претседателот Стево Пендаровски очекува изборите да бидат до година, а нов шеф на државата да биде избран на 12 мај.
На гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, прашан дали рејтинзите ќе влијаат на неговата одлука да се кандидра за втор мандат, Пендаровски рече дека анкетите се сосема солидни за него.
– Мојот личен рејтинг е прилично стабилен во изминатите четири години, но многу е значајно и оние кои можат да ти дадат поддршка во каква кондиција се, рече Пендаровски.
Додаде дека евентуално до декември или јануари ќе следи дали има поддршка од народот.
Во однос на тоа дали ќе има и предвремени парламентарни избори, Пендаровски рече дека за тоа одлучуваат пратениците.
– Јас не сум тој кој решава. Решаваат 61 пратеник за распуштање на Парламентот. Тоа е единствен начин да имате предвремени избори. Не гледам дека во овој момент со сите овие последни трансфери, дека се прави атмосфера за такво мнозинство кое ќе го распушти Парламентот, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.