Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, на Република Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Левиц положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

По завршувањето на церемонијата на положување венци, двајцата претседатели ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Левиц, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Македонија и Република Латвија, претседателите имаа заедничка прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.