За прашањето дали може да има гаранции дека промената на Уставот ќе биде последното барање кон нас во процесот на преговори, претседателот Пендаровски вчера го посочи како пример тоа што Бугарија и Романија, кои се членки на Унијата петнаесет години, неодамна беа блокирани за влез во Шенген зоната.
– Ако две членки на Унијата беа блокирани за влез во еден од најважните проекти на единствениот европски простор, се разбира дека никој не може да ѝ даде гаранции на земја-кандидат која тукушто ги почна преговорите кои не се праволиниски, рече Пендаровски.
Со тоа тој го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уцените и заканите на патот кон ЕУ нема да престанат и отстапките кои ги бара Бугарија нема да бидат последните.
– Стево Пендаровски наместо жестоко да се спротивстави на ваквиот асимиалторски пристап, тој не кажа ниту збор како да се спречи сето ова и не понуди решение. Неговиот добро познат стил на констатирање на вина што од внатре, а што од надвор е веќе залуден затоа што единствени виновници за состојбата во која се наоѓа Република Македонија е власта на СДСМ и ДУИ, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисјаловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.