Стево Пендаровски покажа дека е уценет човек без грам сопствен кредибилитет и интегритет. Со потписот на 5-те закони покажа дека ставот и зборот не му вредат ни 5 пари и не му траат ни 5 дена.  И тој храброста како и Ковачевски ја има оставено во некоја фиока во Мала Речица. Пред јавноста едно говореше поврзано со скандалозните измени на 5-те закони, а сосема друго направи. Поточно Пендаровски по којзнае кој пат го демантираше Стево, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

Ова воопшто не не изненадува и зачудува, а веруваме дека и јавноста се навикна на неговото пишманење и погазување на својот збор.Веќе на сите им станува јасно дека подизведувачот СДС, на чело со Ковачевски и Пендаровски се спремни за функција да направат се, па и јавно да се понижат. Ден повеќе на функција е нивното мото, со цел некој тендер повеќе да наместат. Со измените на 5-те закони тие нема ниту да заштедат, ниту да ја забрзаат реализацијата на коридорите, туку само го дерогираат македонското право и македонскиот Устав.За ваквата неодговорна и криминогена политика следува казна на избори, а потоа и одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.