Држава која преговара со Европската унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Откако гласаше на своето избирачко место, Пендаровски изјави дека очекува мирен изборен ден.
Денес очекувам мирен изборен ден, мирен прв изборен круг. Се разбира така очекувам да биде и на 8 мај кога ќе имаме парламентарни и втор круг претседателски избори. Тоа е исклучително битно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите на овие претседателски избори, туку е исклучително битно за целата држава зашто држава која преговара со Европската унија не смее да си дозволи лош изборен процес, истакна Пендаровски.
Според него, државава како независна повеќе од 30 години, има поминато многу изборни циклуси.
Се надевам, како минатиот пат, така и сега дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.