Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА?, ѝ порача претседателот на Македонија Стево Пендаровски на Бугарската православна црква (БПЦ).
Според претседателот Пендаровски има координирана државна политика меѓу бугарските власти и БПЦ.
Денеска ја видов одлуката на БПЦ дека ја признаваат црквата на Македонија. Замислете дека безобразието оди до таму, да последната реченица од тоа кусо соопштение вели дека ќе размислиме околу дефинитивното име. Тие велат дека ја признаваат црквата во Македонија, а за нејзиното име ќе размислиме во следниот период. Кои сте вие да размислувате?, изјави Пендаровски во емисијата „24 анализа“.
БПЦ во текот на денот излезе со соопштение дека влегува во канонско единство со МПЦ-ОА, но дека се разгледува и размислува за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.