Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој се трка за втор мандат за шеф на државата на претстојните претседателски избори денеска ќе одржи Конвенција, на која ќе ја претстави изборната програма.
На 4 април почнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори се на 8 мај, кога ќе се гласа и за втор круг од претседателските избори.
Во изминативе пет години, заедно градиме демократско и граѓанско општество. Така, обединети, и ќе продолжиме. Почнувајќи од утревечер, пред граѓаните ќе ја презентирам програмата за следните пет години. Продолжуваме да градиме општество кое ќе се темели на европски вредности, објави вчера на Фејсбук Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.