Размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети, како и мерки за ублажување на ефектите од светската економска и енергетска криза беа главни теми на кои се дискутираше на регионална средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион, соопштуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, која што се одржа вчеравечер во Битола, учество зедоа претставници на локалната самоуправа од општините каде градоначалниците и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од општините Битола, Прилеп, Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар, како и претставници на повеќе комисии на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.