Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат. Според сознанија на Плусинфо причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата. Според порталот поради расипаниот товарен воз е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.

Патниците на социјалните мрежи споделуваат дека кондуктерот им велел дека можеби до полноќ или во утринските часови возот ќе пристигне на својата дестинација. Тие додаваат дека од страна на Македонски железници не им бил организиран каков било превоз, па тие се оставени да чекаат со часови да се ослободи пругата.

Во патничкиот се возат околу 120 патници, неофицијално дознаваме од Македонски Железници.

Помошна локомотива е тргната во 19 часот од Скопје за да го турне расипаниот воз во Слепче, па потоа да може патничкиот да продолжи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.