Патиштата  ви се лоши и мора да ги поправите.  Ова е главната порака која нобеловецот Пол Кругман ја упати кон властите од економскиот форум во земјава. Вели клучот за економски развој и привлекување на инвеститори е во добрата инфрастуктура и се надева дека надлежните веќе работат на тоа.  Во оваа глобална криза инвеститорите  ќе ги селат фабриките на Балканот  и  онаму каде трошоците се пониски. Затоа треба сите да се подготвени за да можат да ги привлечат.

-Фабриките од Холандија и Белгија ако сакате да го пренесат производството тука, најважна е таа инфрастуктура за транспорт, вели  Пол Кругман нобеловец по економија

Неговата генерална оценка за глобалните случувања е дека светот нема да запдне во рецесија, но дека со забевен економски раст ќе се соочат сите држави. Инфлацијата ќе се задржи и во следните две години, но со умерени стапки на раст.  И премиерот Ковачевски очекува дека по втората половина од годинава ќе има стабилизација на цените.

Со стабилизаицја на ценовните притисоци со нормализирање на добавувањето , но и со спроведување на планот за раст прогнозите се дека кај нас растот на среден рок ќе забрза за годинава е проектран на 3,2 проценти. Овие проекции се во согласност со најновите проекции на ММФ, вели премиерот Димитар Ковачевски

За да се спречат поголеми инфлаторни поместувања, Кругман посочи дека централните банки  се принудени да  ги зголемуваат каматите,  иако смета дека  нивната улога во  оваа криза  е ограничена. Премиерот Ковачевски пак уверува дека земјава ќе обезбеди  средства  од меѓународните институции, за покривање на долговоите, без да прецизира од каде точно ќе се земат парите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.