Транспортерите и превозниците од земјава што поседуваат сертификати за професионални возачи ќе можат по брза постапка да извадат патни исправи, истакна вчера Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски. Со тоа им се излегува во пресрет на барањата на транспортерите и превозниците.

– По барање на здруженијата обезбедуваме брза лента за издавање патни документи на сите транспортери и превозници што поседуваат сертификати за професионални возачи. Покажуваме посветеност и поддршка, бидејќи транспортната дејност е една од најзначајните гранки што учествуваат во домашниот БДП – вели Бочварски.

Тој истакна дека ќе биде оформен список на професионални возачи и со сертификат за професионален возач ќе биде доставен од Министерството за транспорт и врски, па потоа до МВР.

– Оние што треба да бидат повикани за фотографирање, веднаш ќе бидат фотографирани. Ова е од исклучително значење за економијата, која не смее да трпи. Не се работи за голем број, но колкав и да е бројот, Министерството ќе постапи веднаш и ќе ги испрати на обработка – изјави министерот Бочварски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.