Партијата на пензионерите по повод Светскиот ден на социјална правда – 20 февруари, солидаризирајќи се со болните од цистична фиброза, донесе заклучок да поведе иницијатива за издвојување на дел од средствата од членарината која пензионерите секој месец ја плаќаат за членување во Здруженијата и Сојузот на здруженија на пензионерите.
Нас пензионерите нè има над 335.000, а болните од цистична фиброза се малкумина, но се навистина пример за големи борци за живот. Сакајќи и тие еден ден да бидат членови на пензионерската организација, да бидат меѓу нас и свесни дека некои од нив, кои сега се вработени, придонесуваат во обезбедување на средства за исплата на пензии, водени исклучиво од мотив за солидарен придонес во надминување на овој животно важен проблем, одлучивме да поведеме иницијатива Здруженијата на пензионери и СЗПМ да издвојат еден месечен износ на членарина од секој пензионер, во висина од 30 денари кој, наместо на нивните сметки би се уплатил на сметка во ФЗОРСМ со намена за купување на лекот „Трикафта“.
Очекуваме СЗПМ, Здруженијата на пензионери и Одборот на регистрираната организација за Солидарниот фонд и членарина да ја прифатат иницијативата и да ја реализираат во најскоро време, со што сите заедно би придонеле побрзо да се надмине овој акутен проблем и истовремено би ја поттикнале солидарноста помеѓу граѓаните во земјата, атои во соопштението од Партијата на пензионерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.