СДСМ ќе го поддржи предлогот на ДИК, документите со Република Македонија да важат за претстојните избори. На ова решение работеле уште од лани вели лидерот на партијата, Димитар Ковачевски. Тој смета дека на граѓаните треба да им се овозможи правото на глас. Ковачевски не ја знае точната бројка но вели има околу 100 илјади граѓани со важечки документи со старото уставно име.
Кога се во прашање изборите согласни се сите политички партии. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат во парламент за преодните одреби предложени од Државната изборна комисија.
„Прифатливо е секое издржано решение со коешто ќе се надмине проблемот, односно решение со коешто ќе се овозможи да може секој граѓанин непречено да го исполни своето право да гласа на изборите.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ
Измените со преодна одредба во Изборниот законик, важечките пасоши со старото уставно име да се валидни за гласање, ги предложи ДИК. Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ не доби поддршка пасошите да важат до крајот на годината за севкупна употреба, бидејќи власта сметаше дека со тоа ќе се прекрши Преспанскиот договор, а проблемот со хаосот за издавање документи немало да се надмине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.