Во денешното обраќање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова предложи исфрлање на точката број 2 Одлука за објавување на јавен оглас за именување на членови на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од редовен однос во втор степен согласно член 77 став 2 од дневниот ред, со објаснување дека заборавениот предлог закон на опозицијата кој предвидува разрешување на претседател и член на комисиите доколку се утврди дека истиот е член во политичката партија.

Токму сега овде се гледа вашата искрена намера да ги партизирате сите институции во Република Македонија на истиов начин на кој што се обидувате да го партизирате и Уставниот Суд на кој што сме сведоци изминатите неколку недели на комисијата за избори и именување. Претседателката на комисијата дала предлог оваа точка да биде на дневен ред денес, меѓутоа заборавила дека ете ние цело време зборуваме за партизација на сите институции меѓу кој и оваа државна комисија, затоа сметам дека оваа точка треба да биде тргната од дневен ред и треба да направите напори претседателе оваа заборавена комисија на која ги имаме предложено нашите закони повторно да ја закажете и овој закон да биде изгласан и така треба да биде во секоја една институција, да избереме независни членови, неполитизирани членови, непартизирани – рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.