Претседателот на Словенија, Борут Пахор смета дека Македонците се апсолутно во право што се разочарани од Брисел.
Ако не постоеше таа криза, за која денес дознавме, можеби уште ќе имаше одредена надеж дека можеби би се пронашло некакво решение, иако тоа би била мала надеж. Сега, со оваа политичка криза, надежта веќе не постои. Ама потполно сте во право. Јас мислам дека Македонците во случајов апсолутно се во право што се разочарани од Брисел зашто… Што ние ветувавме? Ако го решите спорот со Грција…“, вели Пахор во интервју за ТВ21 после самитот во Охрид.
Тој посочи дека промената на името на државата било исклучително тешко, а тие не останале на зборот.
Вие тоа го направивте и беше тешко, исклучително тешко. А ние не останавме на зборот. Добро, јасно, тоа е поради блокадата на Бугарија која има право на вето, тоа не е возможно. Ама видете, како и да е, тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи. Тоа им го кажувам на сите соговорници. Не е така само во Македонија, не само во Албанија туку и во Црна Гора, а понекогаш и во Србија. А сигурно и во Босна и Херцеговина, вели Пахор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.