Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести е во лоша состојба, истиот е накосен и постои опасност да падне.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.
„За жал една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано наутро добивме пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и на час кога ќе се сруши останатиот дел од ѕидот, каде се паркираат и возила, а се движат и лица кои што влегуваат во болницата“, рече Ангелов.
Тој апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.