Однесувањето на Димитар Ковачевски е сосема спротивно од европските вредности. Оваа Влада направи секоја година да старува без учебници за учениците, оваа Влада прави се само не се придржува до владеење на правото или оваа Влада знае само за корупција и криминал, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Петрушевска се осврна на настапот на Ковачевски на стартот на кампањата Ние сме Европа укажувајќи дека истиот покажуват само дека тој нема допир со реалноста.

„Ковачевски е на позиција која безмалку му е подарена, да ја заслужеше можеби и посериозно ќе пристапеше“, кажа Петрушевска.

Пратеничката посочи дека она што го виделе во Собранието на 18 август, кога партиите од власта немаа мнозинство, а сакаат да го менуваат Уставот, е само безидејност, а стратуваат кампања за Европа.

„Свесни се од власта дека рејтингот им е во слободен пад. Нивната кампања за Европа е задоцнета. Најдобра кампања за придобивките од ЕУ е кога Владата почнува да ги спроведува реформите. Или ако ви е укажано дека нема доверба во правосудството тогаш надлежните треба да почнат да работат во овој дел. И ако имаат резултати тоа треба да го адресираат. Но каква е ситуацијата ЕУ им испрати дополнителна оценска мисија на Судскот совет“, вели Петрушевска.

Петрушевска зборувајли за однесувањето на власта го спомена и состанокот на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

„Тие дадоа скоро два милиони евра на фирма финансиер на ДУИ, ги трошат парите на народот, наместо да се фатат и да работат на европската агенда. Значи наместо европска агенда кај власта има само криминал и корупција“, кажа Петрушевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.