Пациентите реагираат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ дека подолг период се препраќани од Ургентниот интернистички центар кој функционира при Клиниката за токсикологија и не им се обезбедува оваа здравствена услуга со образложение дека „повеќе од две годнини не биле ургентен интернистички центар”.

Од комисијата го прашуваат министерот Фатмир Меџити со која одлука или писмен акт е ова укинување на Ургентниот интернистички центар.

Доколку пак не е укинат, зошто пациентите на минусни температури се препраќаат од една во друга установа, без да ја добијат соодветната здравствена услуга.

Ова ли се тие европски можности, модернизација на социјални и здравствени политики што напразно и денес ги повторува министерот Меџити.

Зајакнување на јавното здравство ли е и затворањето на цели специјалистички оддели низ државата.

Полни им се устите со транспарентност, но празни останаа дадените ветувања за подобар живот, а посебно со затворање на клучни центри како Ургентениот интернистички центар, како и цели специјалистички оддели, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.