Како никогаш до сега тешко е да се биде земјоделец, затоа што имаме влада која што ја интересира луксузот и бркањето проценти, а не производство на храна, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ во денешното Отворено студио пред Влада, пред големиот Протест за промени – Премногу е!

Трипуновски додаде дека додека светото се соочува со недостиг на храна, земјоделските производи во Македонија наместо за домашни потреби и извоз надвор завршува на буништата, истакнувајќи дека во секоја гранка во земјоделството има проблеми, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ единствено ја интересира профитот и луксузот на државен трошок, но е и решавање на проблемите, нагласувајќи дека токму поради тоа се потребни промени и предвремени парламентарни избори.

Светот се соочува со недостиг и побарувачка на храна, а храната во Македонија, земјоделските производи кои што се произведуваат наместо за домашните потреби и извоз надвор од границите на државата, завршуваат на буниште. Било која гранка да ја земете, дали се тоа тутунарите кои што ги преживуваат најтешките години, јаболкарите од Преспанскиот регион, градинарите од струмичкиот регион, оризарите од кочанско колку години имаат проблем со пласман на оризот, а треба да ги прехранат своите семејства од производство на ориз не можат да го направат тоа. Затоа што имаме криминална влада предводена од СДСМ и ДУИ која што ги интересира профитот и луксузот на државен трошок – рече Трипуновски.

Во отвореното студио се обрати и Синиша Ивановски, претседател на комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, кој смета дека инфраструктурното тонење започнува од 2017та година, додавајќи дека најдобар пример за тоа е изградбата на автопатот Кичево – Охрид, како и дека оваа неспособност на власта единствено удира по граѓаните и нивниот животен стандард.

Инфраструктурното тонење во Македонија започна некаде 2017-тата година. Нема инфраструктура. Како пример е и автопатот Кичево – Охрид, имено на примопредавањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ овој автопат имаше прогрес околу 50-тина проценти. Но, за пет години успеаја од власта да отидат неверојатни едвај 15-тина проценти напред. Ако можеше за две години да се стигне до 50-тина проценти, веќе пет години не може 15% да се отиде напред. Како за илустрација Косово имаше автопат од кај нас до Приштина со слични карактеристики на теренот и го завршија за скоро три години. Ние напред со оваа власт не одиме – истакна Ивановски.

Ивановски додаде дека власта за автопатот Кичево – Охрид се задолжи за дополнителни 200 милиони евра. Се направија од страна на власта анекси за пробивање на роковите. Постоечката Влада си задава рок сама на себе до кога автопатот Кичево – Охрид би бил готов односно завршен. И Владата сама си го пробива рокот што си го има зададено.

Еве сега слушаме повторно нов рок за автопатот Кичево – Охрид дека до крајот на 2023 –та година ќе биде завршен. Меѓутоа ниту самите си ветуваат, ниту пак било кој во Македонија верува дека ќе направи оваа Влада какво и да е поместување во инфраструктурата. Да не говорам Скопје – Блаце што е само два километри, и пет години од власта не успеваат ниту 100 метра да асфалтираат и да го направат, а не пак два километри. Каде е патот Гостивар према Кичево, автопатот – праша Ивановски.

Пратеникот во македонското собрание предводена од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, од пред влада истакна дека од страна на СДСМ и ДУИ ни се случува она „царот е гол“, односно она кое што го ветуваат не го остваруваат, безочно ги манипулираат граѓаните пред се во економските политики, бидејќи во услови на криза ако немате добар економски тим и не сте работливи ќе ни се случува како сега 4 кризи во државата.

Изворот на сите кризи и изворот на сите кризи е на илинденска број 2 и овие луѓе треба конечно да си заминат. На Македонија и треба нова надеж, нова влада која ќе го работи тоа што го ветува и нема да биде со купи ден помини пи-ар политика. Од пи-ар не се живее. Во последните 5 години македонската економија пораснала за 5.5%, а на Косово за 18%, Србија за 15%, Албанија за 15%, ние сме три пати полоши од регионот, затоа што имаме неспособна власт – потенцираше Пренџов.

Линковско вклучување од пред ТЦ Буњаковец имаше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој потенцираше дека од таму се чека целиот западен дел на државата и на Град Скопје кои се тргнати кон Владата на големиот протест за промени – Премногу е, додавајќи дека има река на народ кои бараат промена на владата.

На оваа позиција се чекаме целиот западен дел на државата и на Градот Скопје, од Центар до Карпош преку Ѓорче Петров, Тетово , Гостивар, Брвеница, Јегуновце, Кичево, Охрид и Струга, овде е преполно, изјави Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.