Новиот проект „Отворен Кабинет“ на Министерството за внатрешни работи, во рамки на утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, кој веќе започна со реализација на 5 јуни во просториите на СВР Штип, продолжува на 15 јуни во ОВР Струга.

Ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење на полицијата, а притоа досега не сте имале можност да ја презентирате во неговиот Кабинет во Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас – во Секторот за внатрешни работи кој го покрива подрачјето каде што живеете, информираа денеска од МВР.

Граѓаните од ова подрачје во текот на оваа недела, можат да се јават телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на [email protected], да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да добие на значење, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.

Да докажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните и мислењето на секој граѓанин вреди, подвлекуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.