Чувањето на оградата која беше отстранета од дворот на владината зграда не генерира нови трошоци, тврдат од Владата. На прашањето каде се чува оградата и дали депото во кое стои се плаќа одредена кирија, од Владата одговорија:

Оградата се чува во магацински простор, кој е во сопственост на државата, за што не се плаќа никаков надомест.

Дали вистинската намера беше Владата да биде поблиску до граѓаните, или демонтирањето на кованото железо имаше сосема поинаква цел? Три години откако ја отстрани, според тврдењата на власта, не знаат што да прават со неа. Во 2019 година украсната ограда беше спектакуларно отстранета со нивниот изговор дека на тој начин Владата ќе биде поблиску до граѓаните. На ова место сега има само бели столбови, кои делуваат доста грдо и без никаква поента.

Тогашниот портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски тогаш изјави дека сите понатамошни одлуки во однос на железната ограда и на просторот околу зградата, владата ќе ги донесе и ќе ги направи по консултација со граѓаните на земјата.Во 2019 година „Република“ праша но, Бошњаковски не одговори на прашањето што точно значи тоа „консултација со граѓаните на земјата“. Немаше одговор ниту како планираат таа консултација да се направи, консултативен референдум или онлајн анкета. Консултацијата сѐ уште не е направена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.