Македонија доколку беше правна држава уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот  „нечиста крв“. Додуша Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст,напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не превземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи. Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не превземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција.

Овде се работи за целосно затајување на системот. Како што дознаваме од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале.

Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова? Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.