Признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) го искористија осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои за тендери и лична слобода го продадоа името на Република Македонија. Осумте пратеници Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова во честитката посочуваат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат удел во она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вредела секоја жртва.

„Овој сон конечно станува реалност и денешниот голем празник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историскиза православието и македонскиот идентитет. Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва. Да се гледа кон иднината, додаваат оттаму, не е секогаш едноставно, но додаваат оти само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме“,додаваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.