И додека тројца шовинисти го претепаа нашиот брат во Охрид, Христијан Пендиков, ние ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката! Му посакуваме на нашиот брат брзо закрепнување. Денес очекуваме брза и адекватна реакција од Бугарија! Исто така, очекуваме реакција и од бугарското општество! Затоа што Бугарите во Македонија ги претепуваат по улиците! Сакаме Македонија бргу да ги уапси и да подигне обвиненија за тројцата напаѓачи, кои му нанесоа телесни повреди на Христијан – напиша на својот профил Виктор Стојанов, Бугарин кој е основач на Фондацијата Македонија.
Фондацијата е основана во април 2021 година, како што е објавено на официјалната страница, од Бугари во Бугарија, Македонија и Албанија, со цел населението во Бугарија и Македонија да биде едно општество во две држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.