Денеска навршуваат 155 години од раѓањето на велешкиот револуционер и поборник за работнички права Васил Главинов.
По тој повод делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев и советници во општинскиот Совет, како и делегации на институции и од ООУ „Васил Главинов“ положија цвеќе и се поклонија пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште што го носи неговото име.
Васил Главинов е основач на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.
Во чест на патронот училиштето организираше повеќе литературни, ликовни и спортски активности. на свеченост под мотото „Потрагата по среќа во туѓина-печалбарски сон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.