Бројни билатерални средби на министерот за надворешни работи, Бујар Османи на првиот ден на неговото учество во Форумот за безбедност ГлобСек во Братислава, меѓу кои со Пјер Ејброн, специјален пратеник на Франција за обнова и помош на Украина, од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција.
Во фокус на разговорите беше европскиот пристапен процес на Македонија и регионот на Западен Балкан, при што Османи ја реафирмираше заложбата за развивање на соработката меѓу државите од Западен Балкан како единствен пат кон прогрес и европска иднина. Додека во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи ги брифираше соговорниците за напорите на Организацијата за приоритетот број 1.
“ОБСЕ е присутна во Украина, го поддржува украинскиот народ и од блиску ја набљудува состојбата. Претседавањето на Македонија со ОБСЕ ќе ги стави на располагање сите механизми на ОБСЕ за обезбедување на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право од страна на Русија” истакна.
Министерот оствари средба и со Светлана Тихановскаја, претставник на белоруската опозиција, на која ја нагласи поддршката за белорускиот народ во борбата за демократија и слобода, истакнувајќи ја потребата од итно и безусловно ослободување на сите политички затвореници од режимот на Лукашенко.
Во текот на утрешниот ден, Османи ќе има свое обраќање на панелот посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија, а ќе учествува и на неколку други тркалезни маси и панел дискусии. На агендата на Османи за време на престојот во Братислава се и бројни билатерални средби со свои колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.