Министерот за надворешни работ  Бујар Османи, во својот говор во рамките на средбите  „Заедно за Европа“ на ДУИ во Шипковица истакна дека Албанците порано оделе во канцелариите на ОБСЕ само да пријават насилството што се вршело врз нив или некоја полициска неправда.

Денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач на ОБСЕ, рече Османи на трибината.

Штотуку се вратив од Украина и таму во овие 11 месеци агресија има многу жртви, меѓу кои и жени и деца. Таму рекоа дека ако Украина влезеше порано во НАТО, немаше да се случи овој конфликт и рекоа – колку имаш среќа што Македонија е дел од НАТО. Овде може да се разбере тежината на важноста да се биде во НАТО, благодарение на политиката на Али Ахмети. Албанците одеа во канцелариите на ОБСЕ само за да пријават насилството врз нив, некоја полициска неправда или нешто слично, додека денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач со ОБСЕ, рече Османи во неговиот говор.

Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети, истакна министерот.

Политичарот кој е референца за визија, успех и политика. Некогаш ни требаше институционална застапеност и денес ја имаме, ни требаа универзитети и денес ги имаме, затоа сега мора да се фокусираме на подобар квалитет и стандард на живеење на секој граѓанин, подвлече Османи.

извор: Фактор.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.