Министерот за надворешни работи и новоименуван потпреседател на ДУИ, Бујар Османи, вели дека пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје се состанале олигарси и политички лидери, сегашни и актуелни и формирале „Хибридниот политичко-економски центар“ против ДУИ.

Пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери, сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или констатација дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат или го уриваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница и се согласија да создадат национален центар, за да се запре овој процес или, како што тие го нарекуваат, албанизација на државата“, вели Османи.

Тој не споменува конкретни имиња и тврди дека не се работело за страв од албанизација туку за страв од еднаквост.

Овие движења што се случуваат на албанската политичка сцена имаат извор во таа централна оркестрација. Ова, всушност, не е страв од албанизација, тоа е страв од еднаквост. Затоа што рамноправноста ја гледаат како привилегија, ако гледаат Албанци на важни политички, одлучувачки позиции или албанската економија … Дури и тие спомнаа дека во градежништвото денес сите фирми се албански фирми во Македонија, а демек тоа го загрозува интересот. Ова не е ништо повеќе од страв од еднаквост, страв од губење на политичките и економските монополи“, вели Осамани во дел од интервју што самиот го објави на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.