Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше и за стратешкиот дијалог со САД.
-Со тоа што САД почна стратешки дијалог прво со Македонија од сите земји од регионот, САД призна дека со нас се најблиски во партнерството. Тоа им укажува и на другите дека и доколку и вие сакате да бидете на ова ниво на партнерство, тогаш треба да бидете на исто ниво во демократијата, меѓуетничките односи и така натаму.
Привлекувањето на американски инвестиции го поставивме за приоритет. Во однос на укинување на визите за САД, тоа е долг процес кој зависи од исполнување многу критериуми. Треба да работиме, јас работам на тоа и тоа нема да се случи за кратко време. Битно е дека сме во разговори, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.