Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на работната посета на Брисел.
На средбата стана збор за актуелните безбедносни предизвици, како и активностите на НАТО во насока на адаптирање кон новата безбедносна реалност, справување со предизвиците и зајакнување на одбраната и одвраќањето.
Во посебен фокус на разговорите беа актуелните состојби во Западен Балкан, како регион од стратешки интерес за Алијансата.
“Блиската координација и заеднички активности на НАТО и ЕУ во Западен Балкан, како и забрзување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од регионот претставуваат клучни алатки за консолидирање на регионалната стабилност и затворање на вакуумот за потенцијални дестабилизирачки влијанија од трети страни.”- нагласи Османи
Воедно, Османи истакна дека Македонија како кредибилен сојузник, останува посветена во својата определба за придонес кон глобалниот мир, колективната безбедност и стабилноста на регионот. Во таа насока, се осврна на нашиот придонес во мисиите и борбените групи на НАТО, како и определбата за одвојување на 2% од целокупниот БДП за одбраната.
На средбата, стана збор и за руската воена агресија врз Украина, како и поддршката за украинскиот народ, а во тој контекст и беа нагласени и значајните одлуки од неодамнешниот Самит на НАТО во Вилнус со кои уште еднаш се потврди единството на Алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.