Евроинтеграциските процеси на двете земји и регионот на Западен Балкан, како и актуелните енергетски предизвици, биле тема на разговор на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот српски колега Никола Селаковиќ на маргините на Состанокот на министри за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес.

Земјите од регионот треба интензивно да соработуваат, не само во рамки на нашата плодна билатерална и регионална соработка соработка, туку и со цел надминување на тековната економска и енергетска криза – изјавил Османи.

Како што информираат од МНР, на средбата, двајцата министри заемно констатирале задоволство од развојот на односите меѓу двете држави, со тенденција на засилување на динамиката на соработка преку редовни билатерални посети и партнерство во рамки на регионалните иницијативи, чие постоење претставува важна додадена вредност на севкупната регионална соработка.

Во тој правец, осврт бил направен врз конкретни проекти и иницијативи, како отворањето на нови гранични премини, за што во тек се преговори на ниво на експертски работни групи, како и трговската размена, која во континуитет се зголемува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.