Нема ништо конспиративно во одредувањето на денот, кога уставните измени ќе бидат доставени до Собранието. Едноставно, се калкулира кога е најдобриот момент, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Уставните измени, повтори, не се контроверзни и се во интерес на државата.

-Мислам дека премиерот даде конкретна изјава, рече дека за кратко време ќе бидат пратени предлозите за уставните измени. Ние сме политичка Влада и ги пресметуваме сите аспекти, даваме простор за продолжување на политичките разговори, се координираме со Палраментот по однос на внатрешните процедури, го сетираме тајмингот за да помогне во дебатата. Нема некоја конспирација зад пресметување на денот кога ќе ги пратиме предлозитетуку баш, класично калкулирање, кога е најдобриот момент, кога Собранието смета дека веднаш може да го процесуира текстот, дали се исцрпени сите разговори, да се даде ден повеќе на опозицијата да рефлектира и календарски е прашање поради одморите. Нема ништо конспиративно, очекувам брзо, во рамки на наредните денови, недели, да се прати текстот во Собранието. За мене тоа ќе биде најважниот момент, кога граѓаните ќе ги прочитаат уставните измени. Дури некому кажав, јас на билборди би ги ставил уставните измени за да видат граѓаните дека целата пропаганда по однос на уставните измени не е точна, истакна Османи на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.

  • Би сакал ВМРО-ДПМНЕ да гласа заедно со нас, да седнеме прво да констатираме дека ова е од наш интерес. Им ги исполнивме сите барања и предуслови: гаранции – да, ДУИ да излезе од Владата – да, избори истиот ден – да, што е тоагш проблемот, освен инает, калкулација за власт, но то не е фер и кореткно. Граѓаните очекуваат поодговорно однесување од сите нас., рече Османи


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.