Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за бугарската „Vbox7“ повторно го осуди нападот со огнено оружје врз културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Тој потенцира дека македонската страна, почнувјаќи од МНР, потоа Владата, претседателот на државата, сите го осудиле овој вандалски чин и порача дека МВР презема неопходни активности за пронаоѓање на сторителите. Османи во истото интервју посочи дека постојат поединци или групи на двете страни, во Македонија и Бугарија, кои не сакаат овие две држави да имаат добри односи. Османи воедно изјави дека планира дијалог со иницијаторите на бугарските клубови во Македонија, за да се види која е точно целта за нивното отворање.
Ако идејата е да се интегрира бугарската заедница во системот, да се спречат евентуални дискриминаторски политики кон бугарската заедница, ајде да видиме кои се најдобрите начини да се направи тоа. Не мислам дека преку разгневување на јавноста ќе се постигне тоа. Самиот доаѓам од заедница која што некогаш била во одредена потчинета состојба. Меѓутоа, и од мое искуство, можам да кажам дека начинот на кој што е избран, од тие луѓе, од бугарската заедница, е погрешен начин. Го кажувам ова најдобронамерно. Отворен сум за комуникација, да седнеме да разговараме, наш интерес е бугарската заедница да биде етаблирана, интегрирана и во одлични односи со сите други заедници, македонскиот народ и со останатите народи кои што се во државата – вели Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.