Се поприсутно е размислувањето меѓу земји-членки на ЕУ дека прашањето на проширувањето станува безбедносно прашање. Ние цело време и алармиравме дека тоа не е само прашање на политичко комплетирање на овој политички проект на ЕУ, туку е прашање на безбедносно консолидирање на континентот кое сега се покажува како слаба точка во услови кога ЕУ треба да игра поважна геополитичка улога, оцени вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи. Директорот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус, пак, вели дека ЕУ треба да даде позитивна визија за регионот и до крајот на годината да ги почне преговорите со сите земји од Западен Балкан, а не само да ја игра политиката на движење во круг.

– Ако сфаќањето е дека европското проширување е безбедносна компонента тогаш можеме храбро и гласно да збориме дека доколку сакаме да спречиме таков тип на настани како што се случува во Украина треба брзо да се донесат одлуки, а дека тие одлук



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.