Караванот на кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт денеска пристигна во општина Желино и Тетово, односно во селата: Групчин, Добарце, Палатица, Требош и Стримница.

Претседателскиот кандидат Османи ги искористи средбите со граѓаните за да ја сподели својата визија и заложбите во неговиот Декалог а посебено фокусирајќи се на планираната политичката агенда и заложбите како следен претседател.

Политичките партии не се создаваат и не можат да опстојат без голем политички контекст, голема политичка кауза, порача Османи.

„Ние сме третиот блок, кој има кредибилитет за мандат и за да ја води државата а водено и да изгради ѕид против национализмот на ВМРО-ДПМНЕ. Нема да има Влада без уставни измени. Затоа, овие избори се вонредни. Затоа, потребна ни е вашата поддршка. Оној што ќе победи на 24 април победува и на 8 мај“, истакна Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.