Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања во Стејт департментот на САД, на маргините на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ДАЕШ/ИСИС, во Мароко.
Порача дека претстојниот Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД е дипломатски успех и значаен чекор за зајакнување на стратешкотп партнерство меѓу двете змеји.
Влегуваме во нова фаза во нашите односи со готовност за зајакнување на соработката во клучни области од интерес. Благодарност за континуираната американска поддршка за нашите ЕУ интегративни процеси, особено значајна во контекст на актуелните безбедносни закани. Зајакнатото присуство на САД на нашите простори е клучно за зачувување на регионалната стабилност и безбедност. Како НАТО партнери сме обединети во поддршката за Украина и солидарноста со украинскиот народ, како и недвосмислената осуда за руската воена инвазија, порача Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.