„Нема поголема бугаризација од тоа македонски граѓани да вадат бугарски пасоши“, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека неусвојувањето на уставните промени ги фаворизира Бугарите на два начина.
„Неменувањето на Уставот ја фаворизира каузата на бугарските радикали на два начина. Прво, секој ден сè повеќе доцниме во ЕУ, група Македонци добиваат бугарски пасош, за да земеш бугарски пасош треба да се изјасниш во Софија дека си по потекло Бугарин. Нема поголема бугаризација од вадење пасош, бројката стигнува до 100.000, како резултат на доцнење на интеграциите. Второ, интегрирањето на Бугарите во Уставот е формализирање дека станува збор за два различни народи. За прв пат во Уставот ќе го имате македонскиот народ како мнозинство и дел од бугарскиот народ како малцинство“, смета Османи.
Османи оценува дека уставните измени се клучната точка која ќе ја одреди иднината на државата. Според него, наместо дневна политика секој политичар кој сака напредок треба да ги поддржи уставните измени со цел државата да стане дел од Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.