Бујар Османи, министер за надворешни работи, го посети Христијан Пендиков, лицето кое беше претепано во Охрид кој се претставува како Бугарин.
Искажа жалење за случајот со насилство.
Имавме можност со министерот Милков да го посетиме да разговараме со него и семејството. Јас жалам за овој инцидент. Таквиот чин на насилство не ги одразува вредностите на граѓаните на РМ. Македонија ќе се погрижи да има 0 толеранција за насилство – кажа Османи.
Секој што ќе ги навреди Македонците и на македонскиот народ, ќе биде персона нон-грата.
Нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, исто како што нема да дозволиме негирање на македонскиот народ. Тие провокации треба да престанат. И да укажам дека секое доаѓање во Македонија со цел на македонскиот народ и негирање на македонскиот народ ќе мора да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање – рече Османи, иако тој, но и македонската Влада, не го прогласија Ангел Џамбазски за персона нон грата, кој во центарот на Скопје каже дека Македонија не постои, додека Македонците се Бугари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.