Определбата на Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана. Новиот геополитички контекст по руската агресија во Украина само ги потврди нашите континуирани аргументи дека прашањето за проширувањето е пред се безбедносно прашање за регионот, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, во одговор на прашање.

Според министерот, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред се затоа што државата е георгафски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија.

Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки, а не е дел од Европската Унија е исклучително важно за самата Европска Унија. Оттука, ние сметаме дека членството на регионот, и на нашата земја пред се, е од додадена безбедносна, политичка и економска вредност за самата ЕУ, рече Османи.

Тој напомена дека во овие моменти треба да бидеме сензитивни, затоа што пред се украинските цивили страдаат од агресијата која што се случува, и тоа го има приоритетот на нашето, па и на светското внимание.

Меѓутоа, мора да се гиржиме и за вулнерабилните точки на континентот како што е Западниот Блакан. Сметам дека не се менува интензитетот на нашата желба за членство во ЕУ, но свесноста верувам на соседите па и на земјите членки дека ова е важно не само за нас, туку е важно и за Европската Унија од безбедносен, политички и економски аспект, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.