Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за бугарската БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови тоа ќе се случи.

Последниот амбасадор на Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.