Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Брисел учествуваше на средба со Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент.

 

Османи за време на средбата  се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Македонија и изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија, рефлектирана преку бројните иницијативи, како и во резолуциите за нашата земја.

 

Групата „Пријатели на Република Македонија“ е неформална група составена од пратеници во ЕП од различна политичка провиниенција, која е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нашиот европски пат. Претседател на оваа група е европратеничката од Словенија, Ирена Јовева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.