Во рамките на посетата на Софија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба премиерот на Република Бугарија, Галаб Донев.

На средбата стана збор за севкупните односи и соработка меѓу двете држави, со фокус врз економската соработка и подготвеноста за заедничкото справување со последиците од енергетската криза.

Соговорниците изразија задоволство што само во изминатава недела, два клучни настани – oтпочнувањето со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8 и потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за интерконективна точка  Ќустендил-Жидилово,  јасно ја демонстрираат определбата на двете Влади да дејствуваат во насока на реализирањето на конкретни проекти кои инфраструктурно и енергетски ќе ги поврзат двете земји и ќе претставуваат придонес во  заедничките напори на земјите од европскиот континент соодветно да одговорат на актуелните предизвици.

Воедно, изразија задоволство и разменија конкретни предлози за успешно реализирање на претстојниот Бизнис форум, којшто двете земји планираат да го одржат во текот на месец декември, а кој се очекува да донесе конкретни придобивки за граѓаните од двете земји, на планот на економската соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.